Новогодишен хуманитарен базар во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Ученици од пет основни училишта од Куманово, денеска пред централните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ организираа хуманитарен новогодишен базар за помош на девојче од Куманово.

 

 

Учениците под менторство на професорката по иновации Елена Кипријановска, изминативе денови користејќи ја својата креативност изработиле најразлични новогодишни украси кои случајните минувачи денеска имаа можност да ги разгледаат, но и да си купат од нив, донирајќи ги парите за помош на семејството. Хуманитарниот базар го посети градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, претседателот на советот Атина Мургашанска и неколкумина советници.

– Го поддржуваме базарот и благодарност до учениците кои со својата креативност учествуваат на базарот. Ова е соодветен начин на кој заедницата излегува во пресрет на потребите на своите сограѓани, изјави Димитриевски.

 

 

Професорката Кипријановска информираше дека учениците од петте основни училишта „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Магдалена Антова“, „Толи Зордумис“ и „Битолски конгрес“ од село Лопате, изработиле кретаивни декорации. Собраните средства од продажбата на украсите ќе бидат наменети за лекување на нивна соученичка. / МИА