Ново пукање во САД: Пет лица застрелани во трговски центар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во трговскиот центар во градот Вотербери, Конектикат, се случила пукотница, во која биле ранети пет лица, а полицијата во таа американска држава уапсила лице осомничено за нападот.

Loading...

Полицијата објави дека не верува оти станува збор за случаен чин на насилство, туку дека напаѓачот ги познавал жртвите и дека на пукотницата му претходел конфликт, пренесува АП.

Во полициското соопштение се додава дека инцидентот во вторникот можел да резултира со повеќе повредени доколку клиентите не се засолниле на време.

Гувернерот на Конектикат, Нед Ламонт, изјавил дека државната полиција ќе помогне во истрагата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судот ги блокираше царините на Трамп, берзите веднаш скокнаа