Ново правило кое ќе им го загорчи животот на сите кои сакаат во САД

Сподели со своите пријатели

Американската администрација објави ново правило со кое им забранува на мигрантите да бараат азил во САД, ако претходно патувале низ друга држава, пренесува АП.

Loading...

Агенцијата потсетува дека десетици илјадни мигрантски семејства од Централна Америка секој месец минуваат низ Мексико во САД, од кои поголемиот дел со намера да бараат азил.

Администрацијата на Трамп тврди дека мигрантските семејства користат пропусти во правниот систем кои им овозможуваат бесплатно да влезта во земјата и потоа да чекаат, како што наведува Вашингтон, лажни барања за азил.

АП оценува дека новото правило ќе биде оспорено, со оглед на тоа дека американскиот закон дозволува на бегалците да бараат азил кога ќе влезат во САД, без оглед на тоа како дошле.

Групите за заштита на правата на мигрантите го оцениле овој чекор на републиканската администрација како суров обид на мигрантите да им се оневозможи влез во земјата.

Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply