Најмалку две лица загинаа во шумски пожари во јужниот дел на американската сојузна држава Ново Мексико, во кои пожарот уништи повеќе од 1.400 куќи и други објекти.
Loading...
Според Ројтерс, околу 8.000 жители биле евакуирани од планинскиот туристички центар Руидозо поради природната катастрофа.
Неидентификувани скелетни останки на едно лице се пронајдени на возачкото седиште во опожарен автомобил, соопшти полицијата во Ново Мексико.
Втората жртва е идентификувана како 60-годишниот Патрик Пирсон.
Помали пожари горат на околу 220 километри јужно од Албакерки, главниот град на оваа сојузна држава, се додава.