Ако вонземјаните навистина постојат, зошто не се обиделе да контактираат со нас, прашува во својата статија британски Дејли Мејл и како објаснување нуди ново истражување на научници од Израел.
Според тој неодамна објавен труд, причината е многу едноставна.
– Нема знаци на интелигентен живот!
Накратко, како што објаснуваат експертите, ние испраќаме сигнали кои можат да се набљудуваат во вселената уште од 1930-тите, па вонземјаните сè уште не можеле да ги примат.
Помина премалку време, а и да ги примат и решат да ни одговорат, „одговорот“ не можел да стигне до нас…
– Радио брановите стигнаа до 15.000 ѕвезди и нивните планети, од 400 милијарди на Млечниот Пат – вели астрофизичарот Амри Вандел од Универзитетот во Ерусалим.
Тој додава дека ова не е единствениот „проблем“.
Нашите први радио сигнали не биле намерно испратени во вселената, дури во 1974 година ја испративме пораката „Аресибо“.
Астрофизичарот смета дека не постои интелигентен живот на оддалеченост од 50 светлосни години од Земјата, што не значи дека тој не постои некаде во вселената.
Според него, веројатноста за контакт во текот на нашиот живот е многу мала…