Зголемениот број на нови случаи во Куманово се пациенти кои претходно биле ставени во самоизолација, рече денеска на прес конференција министерот Венко Филипче.
Loading...
Новозаболените претходно биле во контакт со дијагностицирани лица од Куманово и во меѓувреме додека биле во самоизолација развиле симптоми на болеста.
Инаку во последното деноноќие во Куманово се регистрирани 25 новозаболени од коронавирусот, со што вкупната бројка изнесува 168.
Во Куманово досега се регистрирани седум смртни случаи, а денеска е излекуван и првиот кумановец заболен од Ковид 19 и истиот е пуштен дома од Клиниката за инфективни болести, откако два последователни теста им биле негативни.
Никола Ивановски