Новиот претседатле на Тајван го поздрави „цврстото партнерство“ со САД

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот тајвански претседател Лаи Чинг-те во понеделникот го поздрави „цврстото партнерство“ на островот со САД додека ја пречека делегацијата од Вашингтон во постизборна посета што се очекува да го налути Пекинг.

Loading...

Неофицијалната делегација беше испратена од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да се сретне со високи политичари, меѓу кои и сегашниот претседател Цаи Инг-вен и Лаи, кои победија на изборите во саботата.

Гласачите на островот се спротивставија на постојаните повици од Пекинг да не се избере Лаи, кого го осуди како опасен сепаратист кој ќе го одведе Тајван по „злобниот пат“ до независност.

Пекинг, кој тврди дека островот е дел од неговата територија и никогаш не се откажал од својата моќ да го стави под своја контрола, инсистираше на тоа дека гласањето не го променило фактот дека островот е дел од Кина.

Во понеделникот, Лаи рече дека слободата и демократијата се „највредното богатство за тајванскиот народ и светите планини за заштита на Тајван“ за време на состанокот со делегатите во седиштето на неговата партија.

– Тие се и основните вредности што ги споделуваат Тајван и САД и основата за долгорочна стабилност во партнерството меѓу Тајван и САД – рече тој.