Новиот план на ЕУ: Повеќе пари за Украина и одбрана, помалку за земјоделците и природата

Сподели со своите пријатели

Европската комисија презентираше нацрт-буџет за следниот седумгодишен циклус (2028-2035), вреден 1,8 трилиони евра, кој претседателката Урсула фон дер Лајен го опиша како „најамбициозен досега“.

Loading...

Фон дер Лајен тврди дека планот е и „поголем“, и „попаметен“ и „построг“, но уште од самиот почеток предизвика контроверзии.

Бројни пратеници, земји-членки и заинтересирани страни веќе го креваат својот глас бидејќи, како што велат, буџетот не носи вистинско зголемување на средствата, туку прикриен статус кво под маската на инфлаторни корекции.

Иако се очекуваат две години политичко надмудрување, веќе е познато кои се првите победници и губитници од предложениот буџетски пакет, пишува Политико.

Губитници: Земјоделците и природата

Најголемото незадоволство доаѓа од селата. Иако во претходниот буџет за Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) беа предвидени 386,6 милијарди евра, сега се издвоени само 300 милијарди, во рамките на пошироката буџетска линија за „Национални и регионални планови за партнерство“.

Земјите-членки ќе имаат флексибилност да инвестираат повеќе, но минималниот праг останува на 300 милијарди – што земјоделците, протестирајќи пред европските институции, го сметаат за јасен пресек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Предложениот нов буџет ќе ја уништи ЕУ

Слична судбина го снајде и биодиверзитетот: претходно посебен дел од буџетот, сега е интегриран во пошироката „климатско-еколошка“ цел, која опфаќа 35% од вкупниот буџет.

Организациите за заштита на животната средина предупредуваат дека ова може да доведе до понатамошно намалување на средствата за зачувување на природата, и покрај постојната финансиска празнина од 37 милијарди евра годишно.

Loading...

Губитници: Тутунската индустрија

Европската комисија предложи три нови извори на приходи, вклучувајќи даноци на е-отпад, големи бизниси и тутунски производи – што значи дека дел од средствата што претходно ги задржуваа земјите-членки сега ќе одат директно во буџетот на ЕУ за да се отплати заедничкиот долг по Ковид.

Цените на цигарите ќе се зголемат за 1 до 2 евра по пакување, додека за прв пат ќе се воведе минимален данок и за електронските цигари и за загреаниот тутун.

Победници: Дигитални технологии и потрошувачи на енергија

Во однос на дигиталната трансформација, Комисијата планира да ги зголеми средствата за петкратно во следниот буџет – на 54,8 милијарди евра. Посебен акцент беше ставен на вештачката интелигенција, во контекст на сè пожестоката глобална трка со САД и Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Војната во Украина нема да заврши додека Трамп и Путин не седнат на преговарачка маса

За енергетската инфраструктура, буџетот е значително зголемен: средствата од Фондот за поврзување на Европа (CEF) за енергија скокнаа од 6 на 30 милијарди евра, додека целата енергетска мрежа ќе има пристап до проширен фонд за конкурентност од 410 милијарди.

Целта е: пониски цени на електричната енергија, помали загуби и модернизација што може да го стимулира економскиот раст и да ја олесни борбата со глобалните конкуренти.

Победници: Украина и одбраната

Земјите од источниот дел на ЕУ и Украина почувствуваа посебно задоволство. Регионите на границите со Русија, Белорусија и Украина ќе добијат повеќе средства за безбедност и економски развој.

Исто така, ЕУ планира да издвои дополнителни 100 милијарди евра за реконструкција на Украина и поддршка за нејзиното пристапување кон Унијата.

Буџетот за одбрана и вселенски капацитети ќе се зголеми на 131 милијарда евра – што е пет пати повеќе од сега.

Loading...

Според претседателот на Комисијата, ова претставува „вистински потег“ кон зајакнување на стратешката автономија на Унијата.

Буџетот за истражување исто така значително расте: програмата Хоризонт Европа речиси се дуплира на 175 милијарди евра.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Урсула Фон дер Лајен: Удираме во срцето на руската воена машина

Студентската програма Еразмус+ ќе се зголеми за 50%, на над 40 милијарди, а беше најавен и нов културен фонд „АгораЕУ“ во вредност од 8,6 милијарди евра, наменет за поддршка на медиумите, граѓанското општество и уметноста.

Неизвесно: Воена мобилност и регионален развој

Предлогот од 17,7 милијарди евра за воена мобилност изгледа импресивен на прв поглед – во споредба со сегашните 1,7 милијарди.

Но, комесарот за транспорт Апостолос Цицикостас претходно тврдеше дека се потребни буџети од дури 75 или 100 милијарди за ЕУ ефикасно да ја подобри воената логистика и интероперабилност.

Значи, и покрај растот, критичарите велат дека предложениот износ „едвај ја допира површината“ на потребите.

Слични сомнежи постојат и во врска со регионалните фондови. Политиката за кохезија, некогаш строго дефинирана буџетска ставка, сега се вклопува во Националните и Регионалните планови.

Иако 218 милијарди евра се загарантирани за најсиромашните региони, нема такви гаранции за други области.

Loading...

Локалните власти стравуваат дека централните влади би можеле политички да ја злоупотребат распределбата на средствата, што дополнително би ги загрозило градовите и руралните области што зависат од европската помош.