Новиот опасен тип на хепатитис пристигна во Србија

Сподели со своите пријатели

Нов тип на хепатитис, засега непознат и лоциран во голем број европски земји во последните месеци, очигледно пристигнал во Србија, дознава Нова.рс.

Loading...

Како што неофицијално дознава порталот, во Институтот за мајки и деца во Белград во моментов се лекува пациент за кој постои сомневање дека е заболен од овој тип на хепатитис.

За потсетување, светот неодамна се соочи со необична болест која особено го погодува детскиот црн дроб.

Како што наведува епидемиологот Зоран Радовановиќ во авторскиот текст за „Нова“, светската бројка на заболени на почетокот на мај изнесувала околу 200 пациенти, но на секој десетти регистриран пациент му требало нов црн дроб.

Хепатитисот досега е регистриран во Ирска, САД, Израел, Холандија, Шпанија, Данска, Италија, Норвешка, Франција, Белгија, Романија, Јапонија, Канада…