Новиот кинески амбасадор во САД, Ксие Фенг, ја презема функцијата во време кога двете земји се во расправија околу трговијата, пристапот до компјутерски чипови и поддршката на Вашингтон за Тајван.
Loading...
Ксие пристигна во Њујорк вчера и им рече на новинарите на аеродромот Џон Кенеди дека односите меѓу двете најголеми светски економии се соочуваат со „сериозни тешкотии и предизвици“, пренесе АП.
„Се надеваме дека САД ќе работат заедно со Кина на подобрување на дијалогот, управување со разликите и проширување на нашата соработка, така што нашите односи ќе се вратат на вистинскиот пат“, рече Кси на англиски јазик.
Прашањето за Тајван е меѓу чувствителните прашања и е на врвот на мојата агенда, додаде Ксие.