Поранешниот лидер на лабуристите,, положи заклетва за нов претседател на Израел, ветувајќи дека ќе ја искористи главно церемонијалната функција за заздравување на длабоките поделби во израелското општество.
Седумгодишниот мандат на Херцог започна со церемонија во Кнесет каде неговиот прв говор на новата позиција беше придружен со аплауз од пратениците кои го назначија на функцијата.
Тој рече дека ќе се упати од Кнесет кон претседателската резиденција и ќе го започне патувањето низ пукнатините и бездните на израелското општество.
– Тоа е патување низ кое ќе најдам единство во рамките на разликите, во пукнатините, патување чија цел е повторно да се откриеме – рече 60-годишниот Херцог.

