Новиот генерален секретар на ОБСЕ, Гренмингер, утре во Скопје

Сподели со своите пријатели

Новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, утре доаѓа во прва посета на Република Македонија, соопшти македонското МНР.

Гремингер ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе се разговара за новата општествена клима во земјава, за соработката со ОБСЕ и за поддршката што ја дава во процесот на европската и евро-атлантска интеграција на Македонија.

Посетата на Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Извор: МИА