Марк Руте денеска пристигна во Украина во својата прва официјална посета по преземањето на функцијата генерален секретар на НАТО пред два дена и вети континуирана поддршка за Киев.
Руте се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.
За време на состанокот двапати се огласија сирените за воздушен напад.
Новиот шеф на НАТО вети дека ќе помогне да се собере западната поддршка за Украина, која се бори против руската инвазија, од февруари 2022 година.
АП посочува дека изборот на нов американски претседател во ноември може да биде клучен момент за напорите на Украина да обезбеди продолжување на помошта од Западот и потсетува дека Руте претходно изјавил дека „може да работи со секој што ќе биде избран“.
Во вторникот Руте ја презеде функцијата од Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој беше на чело на НАТО десет години.