Новинарката на Би-Би-Си, Олга Малчевска, родум од Украина, се разбудила во Лондон во три часот наутро и дознала дека зградата во Киев, каде што живее нејзиното семејство, била бомбардирана во текот на ноќта.
Таа се обидувала да стапи во контакт со нејзината мајка и добила порака од неа среде гостување во емисија на Би-би-си.
Мајка ми се сокрила во подрум кај роднините… за среќа не била во зградата кога била погодена“, рече Малчевска. „Фала му на Бога дека моето семејство е добро… Не можам да верувам на сликите што ги гледам, тоа е зградата во која живеев“, додаде таа.
За жал, таа мисли дека во зградата бил нејзиниот вујко, со кој сѐ уште се обидува да стапи во контакт.
Украинските власти соопштија дека никој не загинал во бомбардирањето, а 150 луѓе биле евакуирани. Некои беа хоспитализирани.
„Мајка ми вчера ми рече „не паничи, ова е Киев, никој нема да го бомбардира Киев“
Малчевска вели дека нејзината мајка се грижи за соседите, пријателите и семејната мачка, која била оставена во станот преку ноќ.
„Навистина е чудно да се зборува за мачка во време кога имаш војна и луѓе умираат, но замислете, луѓето ги напуштија своите домови и мислеа дека ќе се вратат за неколку часа… а потоа се враќаат и гледаат ова“, рече Малчевска.
Пред само 24 часа луѓето живееја нормални животи. Мајка ми вчера сè уште одеше да работи во библиотеката. Јас и реков да се скрие, а потоа ми рече: „Ајде, не паничи, ова е Киев. Никој не оди да го бомбардира Киев“, рече таа.
The moment my @bbcukrainian colleague @Yollika sees pictures of her family home, partially destroyed overnight in #Kyiv.
We did not know until that moment it was her actual building that had been hit.
Thankfully Olga’s family is safe. pic.twitter.com/rglna1tvEA
— Karin Giannone (@KarinBBC) February 25, 2022

