Новинарка го праша Лавров за договорот за жито, тој и одговори „убав фустан“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска беше прашан дали Црноморскиот договор за жито е мртов, но тој реши да не одговори на прашањето, пишува руската агенција ТАСС.

Loading...

Лавров беше на пат од состанокот на Советот за безбедност на ОН, со кој претседаваше, на средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кога новинарка на Ројтерс му постави прашање за договорот за жито.

Министерот застана пред новинарката, но само за да ѝ даде комплимент.

„Убав фустан“, рече тој.

Се очекува Гутереш и Лавров да разговараат за можноста за продолжување на договорот за жито по 18 мај.

Додека Лавров беше на пат кон состанокот, друг новинар извика прашање за новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович, кој е обвинет во Русија за шпионажа.

Лавров не одговори.

 

Loading...