Новинар роден во БиХ убиен во ракетен напад кај Бахмут

Сподели со своите пријатели

Новинарот на АФП, Арман Солдин (32), роден во Сараево, беше убиен во вторникот во ракетен напад во источна Украина, во близина на Бахмут.

Тој беше видео координатор на агенцијата од септември 2022 година, кој известуваше за војната во Украина од самиот почеток на руската агресија, а загина во Часив Јар, недалеку од Бахмут.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русија синоќа лансираше 458 дронови и ракети кон Украина

Сведоци на нападот биле колегите на Солдин, а француската новинска агенција објавила се на Твитер.

„Неговата смрт е ужасен потсетник за ризиците и опасностите со кои се соочуваат новинарите секојдневно додека известуваат за конфликтот во Украина“, напиша агенцијата во една од своите соопштенија.

 

 

Починатиот новинар на својот Твитер профил редовно објавувал настани од војната и човечки приказни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Русија губи многу помалку тенкови ова лето?

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази сочувство на социјалните мрежи.

 

 

Солдин е роден во Сараево, а за време на војната во 1992 година заминал во Франција.