Новинар на БиБиСи: Ова беше најтешката ноќ во последните 20 години известување од Газа

Сподели со своите пријатели

Дописникот на Би-Би-Си од Газа, Ружди Абу Алуф, рече дека оваа ноќ била најтешката во неговите 20 години известување од крајбрежниот појас што се граничи со Израел.

Loading...

Како што рече, во текот на ноќта имало масовни воздушни напади.

„Бев во областа на градот Газа каде што беа уништени повеќето згради. Имаше застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото, а имаше изливи од чад и пламени во текот на ноќта“, вели Абу Алуф.

„Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да спие. Во 20 години покривање на оваа област, минатата ноќ беше најлошата на која сум бил сведок“, продолжува тој.

Кога беше бел ден, тој успеа да излезе од зградата.

„Утрово успеав да излезам. Возев насекаде низ урнатините. На улица се уриваат згради и цели населби се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици“, раскажува тој.

Препознав некои од зградите. Но, некои не можете да ги препознаете ниту од размерите на уништувањето во овој дел на Газа.