Исчезнувањето на глисер со должина од девет метри со 20 патници во областа на Бермудскиот триаголник ја разбуди фантазијата на оние кои по толку многу поморски и воздушни несреќи се убедени дека постои нешто во областа помеѓу Мајами, Порто Рико и Бермуди.
Бродот имал два надворешни мотори со моќност од 250 коњски сили, а пловел на почетокот на јануари од Бимини (50 милји од Флорида) до езерото Ворт, но никогаш не пристигнал таму.
Американската крајбрежна стража, се разбира, започнала опсежно пребарување со вклучување авиони и бродови, што не даде никакви резултати.
Во 84 часа била претражена површина од 17 000 квадратни километри, по што крајбрежната стража официјално објавиле дека го прекинуваат пребарувањето бидејќи не се пронајдени ниту патници, ниту остатоци од бродот. Заради големиот број патници на бродот постои сомневање за трговија со луѓе.