Нови возила и опрема за кумановските пожарникари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Две возила за тешко пристапни терени, специјализирана опрема, како и униформи за шумски пожари добија кумановските пожарникари.

Loading...

 

 

Станува збор за проект финансиран преку Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија преку нивната амбасада во Македонија, а освен Куманово, едно возило и опрема ќе добијат и пожарникарите во Ранковце.

 

 

Loading...

Денеска просториите на Територијалната противпожарна единица ги посети и министерот Златко Перински кој истакна дека овој проект би требало да го подобри квалитетот и условите за работа на пожарникарите.

 

 

– Заедно со швајцарската амбасада инвестиварвме 21 милион денари во набавка на три возила. Подготвивме апликација која треба да служи за рана детекција на пожарите и би требало да превенира поголеми пожари во иднина, набавена е и нова противпожарна опрема и дозволете да изразам благодарност до нашите швајцерски партнери кои над две и пол децении на ниво на локална самоуправа ни се партнери и ни помагаат на било кој основ да овозможуваме подобри поквалитетни услови за живот, но и за работа на оние на кои им е најпотребно, изјави министерот Перински.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

 

 

Loading...

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски вели дека апликацијата преку која граѓаните ќе можат да пријавуваат пожари се очекува да профункционира во декември, а во меѓувреме потенцираше дека е набавена значајна опрема за пожарникарите.

– Нашата Територијална противпожарна единица доби две, а во Ранковце едно противпожарно возило специјализирано за непристапни терени. Набавена е опрема, униформи за гаснење шумски пожари и пожари на отворен простор, одела, шлемови, противпожарни црева, млазници, грбни пумпи и друга специјализирана опрема, потенцираше командирот.

 

 

Претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска вели дека кумановските пожарникари опслужуваат огромен простор и во околните опшини, па ова опрема им е многу значајна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

– Она што е многу важно освен овие две противпожарни возила кои се од исклучително значење, добиена е и опрема за пожарникарите, што значи дека на некој начин се заштитени и тие од овие немили настани. Би посакала да има помалку интрвенции, но и да има плус проекти и опрема за противпожарните станици низ цела Македонија, па и во Куманово, изјави Ѓорѓиевска.

 

Loading...

 

Донацијата се остварува во соработка со Центарот за развој на Североисточен плански регион, чиј што директор Младен Протиќ, вели дека граѓаните сами избрале парите донирани од Швајцарија да се искористат на овој начин.

– На еден партиципативен начин преку форум на граѓаните ги избравме и според тој форумски процес се најзначајни за нашиот регион во рамки на тие средства кои ги одобрија за нашите проекти. Се надевам дека со помош на министерството и владата ќе успееме овој проект да го завршиме во март 2025 и да го продолжиме и да редиме успеси, изјави Протиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти

 

Loading...

 

Инаку со 11 милиони денари во проектот учествува Македонија, а околу 9 милиони денари е уделот на швајцарската влада преку нивната амбасада.

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски