Сателитските снимки направени во четвртокот покажуваат дека голем руски воен конвој, последен пат виден северозападно од Киев, во близина на аеродромот Антонов, главно бил дисперзиран и преместен, објави приватна американска компанија.
Loading...
Maxar Technologies објави дека на снимките се гледаат оклопни единици кои се движат и минуваат низ градовите во близина на аеродромот.
Дополнително, на снимките се гледа дека делови од конвојот биле стационирани уште на север, во близина на селото Лубјанке, и дека хаубици биле лоцирани во близина на позиции подготвени за пукање.