Нови семафори ќе добијат три крстосници во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три крстосници во Куманово наскоро ќе добијат нови семафори, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

Првиот човек на градот очекува постапката за замена на старите сообраќајни средства да започне веќе за недела дена.

Станува збор за крстосниците кај градскиот пазар, кај Школската амбуланта и на крстосница меѓу улиците „Народна Револуција“ и булеварот „Трета МУБ“.

– На тие локации претходно беше интервенирано од наша страна и беа поприлично променети, делот дел од светлосната сигнализација, но за жал поради вандалско однесување на поединци истите беа уништени особено централните места за контрола на самите семафори. Спроведена е постапка, изберен е изведувач којшто треба да направи комплетна реконструкција на три раскрсници во градот, вели Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОЈО Куманово: Се преземаат огромен број дејства за случајот од Старо Нагоричане

 

 

Веќе следната недела се очекува да започне реконструкцијата на постоечките семафори и контролни уреди, додека интервенции ќе има и на крстосницата кај локалитетот „Чоче“.

Како што вели Димитриевски, кога трепка жолто светло, не значи дека семафорот е неисправен, туку е ставен надвор од функција по одлука на сообраќајната полиција.

– Кога свети жолто светло и кога трепка тогаш не се работи за дефект, туку се работи за исклучување на таа раскрсница од страна на сообраќајната полиција којашто е единствено овластена да го прави тоа, вели Димитриевски.

На барање на МВР, вели градоначалникот, на почетокот на проектот „Сејф сити“ било побарано исклучување на тој семафор поради технички причини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро 90 илјади евра за годишната програма на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски