Белата куќа соопшти дека во договор со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Канада, САД го поддржуваат протерувањето на „избраните руски банки“ од SWIFT, пишува CNN.
SWIFT е безбедносна мрежа која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот и обезбедува поддршка за колективно да се осигура дека оваа војна е стратешки неуспех за Путин.
Сепак, тоа не е се. Европската унија ќе ги замрзне сите средства и трансакции на руската централна банка во ЕУ и ќе им забрани на руските олигарси да користат финансиски средства на европските пазари.
– Путин тргна по пат чија цел е да ја уништи Украина. Но, тој не сфаќа дека ја уништува иднината на својата земја – изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.
In coordination with 🇺🇸🇫🇷🇩🇪🇮🇹🇨🇦🇬🇧 I will now propose new measures to EU leaders to strengthen our response to Russia’s invasion of Ukraine and cripple Putin’s ability to finance his war machine. https://t.co/iU2waDzo9s
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 26, 2022