Нови ПВЦ прозорци и подобрени услови за подрачното училиште во Режановце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нови ПВЦ прозорци и значително подобрени услови за настава доби подрачното училиште на ООУ „Толи Зордумис“ во селото Режановце, преку заеднички проект на Општина Куманово и француската асоцијација АЛМА.

 

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакна дека иако проектот не е голем по финансиска вредност, неговото значење за учениците и заедницата е огромно.

– Со заедничка сила и средства донирани од нивна страна и дел од Општина Куманово успеавме да ги подобриме условите за учениците во ООУ „Толи Зордумис“, во подрачното училиште во село Режановце. Можеби ова е по вредност мал проект, но како гест е голем, на нас како град многу ни значи, особено што проектот го презентираме на 8ми Април, Меѓународниот ден на Ромите,“ изјави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе работиме на подобрување на условите за живот на ромската заедница

 

 

Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани.

– Во оваа прилика сакам на сите роми во Куманово, пошироко, цела Македонија и во светот да им го честтитам овој голем ден за ромската заедница и да ги уверам дека градот ќе работи на подобрување на животните услови и секојдневието на сите наши граѓани, тука вклучувајќи ги и граѓаните од ромската етничка заедница, додаде градоначалникот.

 

 

Претседателот на асоцијацијата Алзас Македонија – АЛМА од Франција, Жак Шлеф, нагласи дека соработката со Куманово има долгорочен карактер и опфаќа повеќе области.

– Ние веќе повеќе години работиме на различни форми на соработка и реализираме различни проекти во областа на културата, спортот, економијата и се надеваме дека овој пат ќе воспоставиме соработка и ќе продолжиме да работиме заедно со Куманово. Ние заеднички се вложивме во реализацијата на проектот заедно со здружението ДРОМ и со поддршка на Хабитат Македонија, за успешно да го реализираме проектот за подобрување на условите за работа во подрачното основно училиште во село Режановце, рече Шлеф.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска локации во Куманово, утре во Младо Нагоричане

 

 

Директорот на ООУ „Толи Зордумис“, Дејан Младеновски, информираше дека проектот е веќе реализиран и учениците веќе имаат подобри услови за престој и учење.

– Проектот е веќе завршен, прозорците се веќе поставени, останува уште некои детали да се додадат. Сакам да изразам огромна благодарност до организацијата и конзулот, затоа што со нивна помош ние денеска можеме да присуствуваме во затоплени простории и многу подобри услови за нашите вработени и нашите ученици, изјави Младеновски.

 

 

Во подрачното училиште во Режановце наставата ја посетуваат околу 30 ученици, а од раководството очекуваат зголемување на бројот на запишани ученици во наредната учебна година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Девојче од Куманово тешко повредено откако во неа удрило товарно возило

Никола Ивановски