Нови проблеми за Цукерберг: „Ќе го продадеме името META за 20 милиони долари”

Сподели со своите пријатели

Уште една пречка за преименување на Фејсбук, откако било откриено дека веќе постои компанија наречена Мета.

Loading...

Станува збор за компанија Мета компјутери од Аризона, која продава десктоп и лаптопи и технолошки софтвер.

Основачите Џо Даргер и Зак Шат поднесоа барање во август за да го заштитат името Мета. Даргер и Шат работат на Мета компјутерот нешто повеќе од една година, но претходно не презеле правна постапка и не го заштитиле името на компанијата.

 

 

Според светските медиуми, нивното барање сè уште не е одобрено, но тоа не ги спречило да му кажат на TMZ дека нема да му продадат име на Цукерберг за помалку од 20 милиони долари доколку одлучи да го купи од нив.

Тие на својот Твитер профил решиле да се пошегуваат од целата ситуација, па споделија фотографија на која Цукерберг го држи нивниот компјутер, а потоа и шега дека нивното ново име е Фејсбук, откако Цукерберг ја објави промената во Мета.

Loading...

 

 

По ситуацијата со Фејсбук, компанијата Мета ПЦ го следи зголемувањето на бројот на следбеници на социјалните мрежи за пет отсто, пишуваат американските медиуми.