Бидејќи клучниот јужен пристанишен град Херсон сега е под руска контрола, еден жител изјави за Би-Би-Си кои нови правила се воспоставени во градот.
Нина (ВВС решил да не го објави целото име) вели: „Сега е тивко во градот. И вчера беше тивко, претходно имаше борби и експлозии“.
„Вчера никој не ја напушти куќата затоа што беше премногу опасно, но денес луѓето излегуваат и се обидуваат да купат храна“, вели таа.
Додаваат дека борбит есѐ уште се слушаат во предградијата.
„Постојат правила кои треба да ги следиме. Тие се договорија со нашата влада дека не треба да провоцираме руски војници. Не смееме да бидеме во групи, не смееме да возиме брзо, мора да бидеме подготвени да застанеме и да покажеме што имаме во автомобилот и никого да не провоцираме“, изјави таа за Би-Би-Си.
Жителите сега имаат вода, струја и интернет и слушнале дека може да се очекува медицинска опрема, додаде таа.
„Само се надевам дека нема да трае долго и дека се ќе биде во ред. Сите обични луѓе се против војна, против борба, но ништо не можеме да направиме“, рече таа.