Нови податоци: Познато колку Македонци живеат во Германија!

Сподели со своите пријатели

Околу 14 милиони странци живеат во Германија, од кои приближно 230.000 мора да ја напуштат земјата, според најновите податоци од Центарот за регистрација на странци (AZR).

Германија е една од главните дестинации на многу Македонци, а сега е објавено колку од нив живеат таму.

Интересно е што Турците во голема мера беа најбројните странци во Германија, но сега тоа може да се промени.

Регистрирани се 1,52 милиони Турци и 1,4 милиони Украинци.

Причината за толку големото зголемување на Украинците во Германија е војната.

Извештајот на AZR покажува дека повеќе од 14 милиони странци моментално живеат во Германија. Нивниот удел во вкупното население (околу 83,6 милиони) затоа изнесува приближно 16,8 проценти, пишува германскиот Фокус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници луѓе на прокурдски протести низ Германија, има и приведени

Сепак, како што истакнува овој медиум, бројот на луѓе со мигрантско потекло е многу поголем.

Ова ги вклучува не само странците, туку и, на пример, децата на странци кои се родени во Германија и добиле германско државјанство по раѓањето.

Од 14 милиони странци, околу 230.000 мора да ја напуштат земјата.

Сепак, 190.360 од нив добиле дозвола за привремен престој.

Речиси 40.000 живеат тука без таква дозвола и всушност треба веднаш да ја напуштат Германија.

ТОП 10 странци

Турција – 1.522.681

Украина – 1.402.245

Сирија – 940.401

Романија – 907.185

Полска – 842.789

Италија – 630.247

Авганистан – 448.744

Бугарија – 422.787

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“!

Хрватска – 414.555

Грција – 347.486

Колку граѓани има од Македонија и земјите од поранешна Југославија?

Според податоците на AZR, во Германија живеат 161.044 граѓани на Македонија и тие се на 22-то место на листата на странци во таа земја.

Најбројни од соседството се Бугарите, ги има вкупно 422.787 и се на 8 место, едно место подолу е Хрватска, Косово е на 11то место, а Србија на 14-то.

Индија: 308.893

Руска Федерација: 285.884

Србија: 262.479

Ирак: 255.129

Босна и Херцеговина: 246.724

Унгарија: 212.994

Шпанија: 203.865

Австрија: 180.329

Кина: 168.251

Иран: 161.927

Македонија: 161.044

Виетнам: 150.972