Нови насилни протести: Гори во Нова Каледонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Нова Каледонија избувнаа нови немири во кои во текот на ноќта беа запалени градското собрание и зградите на полицијата, откако седуммина приведени, активисти кои се залагаат за независност на француската прекуморска територија, беа префрлени во Франција на истражен притвор.

Loading...

Немирите избувнаа бидејќи трансферот на затворениците обвинети за организирање на минатомесечните насилни протести во Нова Каледонија се сметаше за „политичка депортација“, изјави локалниот обвинител, пренесе Гардијан.

Обвинителот изјави дека префрлањето на уапсените со авион бил организирано во текот на ноќта и дека тие биле префрлени за да може истрагата против нив да продолжи „без никаков притисок“.

Ситуацијата во Нова Каледонија останува многу напната по апсењето на 11 активисти за независност, осомничени дека планирале насилни протести од 13 мај.

Немирите во Нова Каледонија избија кога францускиот парламент расправаше за нацрт-законот со кој на илјадници француски граѓани на архипелагот ќе им се даде право да гласаат на покраинските избори.

Движењето за независност на Нова Каледонија стравува дека таквата промена ќе го ослабне политичкото влијание на домородниот народ Канак.

Девет лица, вклучително и двајца полицајци, загинаа во насилството кое оштети бизниси, продавници и домови.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги суспендираше измените на изборниот закон во Нова Каледонија, по што прекинаа немирите.

Loading...