Соединетите Американски Држави и Израел во сабота наутро, 28,. февруари го нападнаа Иран. Нападите продолжуваат цел ден низ Иран.
Прославите започнаа вечерва во некои делови на Техеран откако се прошири непотврдена вест за смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Според извори од терен, низ улиците одекнуваат автомобилски сирени и радосни извици.
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има „сè повеќе индикации“ дека врховниот лидер на Иран „повеќе го нема“.
Сепак, оваа информација се уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.
BREAKING: Iranian missile strikes Tel Aviv. pic.twitter.com/HOb79eGI8D
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Но, не е мирно ниту во другите делови на светот.
Околу 21:30 часот по наше време започна нов напад на Тел Авив, по информацијата дека наводно е мртов ајатолахот Али Хамнеи.
Американски официјален претставник изјави за Фокс њуз дека САД се согласуваат со оценката на Израел дека ајатолахот Али Хамнеи и пет до десет други врвни ирански лидери биле убиени во првичниот израелски напад врз комплексот во Техеран.
Според официјалните лица, операцијата била забрзана поради разузнавачки информации за таканаречената „цел на можности“, што го поттикнало реткиот дневен напад за да го фати раководството без стража.
За овие наводи засега нема официјална потврда од Иран.

