Нови клупи и лулашки во Б.С. Гојчо преку акцијата „Моето маало“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Нови клупи, лулашки и уредена зелена површина од денес ќе имаат граѓаните кои живеет во месната заедница Б.С. Гојчо, откако денес во заедничка акција Општинскиот одбор на СДСМ Куманово, ЈП „Чистота и зеленило“ и голем број граѓани го уредија паркот кај зградите зад економското училиште.

 

Loading...

14716047_1407107915983463_6134848696078583255_n

 

Лошите временски услови не ги спречија во намерата да го обноват ова урбано катче во градот, а градоначалникот на Општина Куманово, во својство на партиски член упати апел за подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Мислам дека ова е една позитивна акција која се одржува неколку недели по ред за уредување на градските катчиња, урбаната опрема што ја набавуваат на некој начин апелирам до граѓаните да ја чуваат, бидејќи ако не се негува и чува, ако површините не ги заштитуваме и фрламе како по депонии тогаш работата е узалудна, затоа мимо нашите акции свеста на граѓаните да ја зачуваме природата и да го зачуваме градот – изјави градоначалникот Дамјановски.

14721641_1407107932650128_532630484838996136_n

 

Првиот човек на СДСМ во Куманово, Мартин Костовски упати критика до политичките противници, односно членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои иако повикани да бидат дел од акцијата, сепак не се појавија.

Повиканите за денешната акција, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ   уште еднаш ја покажаа нивната дволичност, затоа што знаат да напаѓаат, но кога ќе ги викнеме на заедничка акција, како што гледате ги нема меѓутоа сигурен сум дека граѓаните знаат да го ценат она што значи искреносст и доблест на политичките партии – изјави Костовски.

14657322_1407107442650177_8808202122727800297_n

 

Акцијата според Костовски, се очекува да продолжи и следниот викенд и тоа во населбата Средорек.

14705627_1407107195983535_4064517462394512323_n 14642195_1407107309316857_5238408557693204629_n 14633041_1407107319316856_4894251488741790981_n 14725600_1407107449316843_6232114931342567326_n 14563344_1407107832650138_253690378717242710_n 14681618_1407108315983423_2506709866944364991_n 14729290_1407108342650087_5783852366478847151_n 14590500_1407108529316735_4124609408718172252_n 14610922_1407108699316718_3069514894349470360_n 14680702_1407108732650048_9120872495169152015_n

Loading...