Нови инспекции кај кумановските угостители, изречени 12 казни

Сподели со своите пријатели

Дванаесет казни биле изречени во најновата контрола на полицијата и инспекторатите која вчера била извршена кај четири угостителски објекти во Куманово.

Loading...

– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 12.00 до 16.00 часот на 24.04.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство  со инспектори од Државнито пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

При контролата, како што додаваат од полицијата, извршено е легитимирање на 18 лица, а  од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се осум глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се чертир глоби на четири правни и физички лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово: СДСМ манипулира за реконструкцијата на водоводот на „Никола Тесла“

Никола Ивановски