Жена е обвинета за кражба од музејот Лувр во Париз минатиот месец, објавија француските медиуми.
Триесет и осумгодишна жена, чие име не е објавено, е обвинета за соучество во организирана кражба и криминален заговор со цел извршување кривично дело.
Таа се појави пред судија, кој одлучи да ја задржи во притвор.
Жената беше уапсена претходно оваа недела со уште четири лица.
Двајца мажи претходно уапсени веќе се обвинети за кражба и криминален заговор откако официјалните лица изјавија дека „делумно ја препознале“ нивната вмешаност во грабежот.
Накит вреден 88 милиони евра беше украден од најпосетуваниот музеј во светот на 19 октомври.
Четири мажи извршија грабеж со брзина на молња сред бел ден.
Двајца од наводните крадци кои беа уапсени претходно, подоцна ја признаа својата вмешаност, додека четвртото лице сè уште не е фатено.
Појавувајќи се пред судија во саботата, жената низ солзи потврди дека живее во северното париско предградие Ла Курнев, објави новинар кој работи за новинската агенција АФП.
Таа беше една од петте лица уапсени претходно оваа недела во и околу француската престолнина. Едно од приведените лица беше ослободено без обвинение.

