Нови детали за мистериозниот авион кој го прелета Балканот

Сподели со своите пријатели

Бугарија тргна во потрага по мистериозен пилот кој завчера без дозвола на овие земји летал низ воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија.

Loading...

Авионот „Бичкрафт“ со двајца патници полетал од Унгарија и ги прелетал Полска и Словачка, изјави министерот за внатрешни работи Боико Рашков.

Пилотот слетал во близина на Црното Море, откако накратко прелетал над српскиот и романскиот воздушен простор.

Авионот стар 60 години конечно е пронајден со сѐ уште топол мотор на пистата на приватен аеродром во североисточниот дел на Буховац.

Бил покриен со церада, а од екипажот немало ни трага ни глас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претепан поранешен грузиски премиер: Доживеал потрес на мозокот и скршен нос

Сомнителниот авион немал план за лет, ги деактивирал транспондерите и не одговарал на радио пораки или сигнали, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Обвинителството во Варна, во источна Бугарија, отвори истрага за инцидентот.

Бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков изјави за новинарите дека авионот „во ниту еден момент не претставувал закана“.

Loading...

„Леташе на многу мала височина и со мала брзина, што го отежнува пресретнувањето на ловците“, објасни министерот.

Авионот бил следен и од американски „ловци“

Претходно романското Министерство за одбрана соопшти дека авионот што го преминал романскиот воздушен простор на рутата која ги опфатил Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин и не покажувал знаци на непријателско или опасно однесување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган ги повикува сите земји да ги „држат рацете подалеку“ од Сирија, оти Турција ќе ги уништи терористите

Пилотот да не одговорил на радио барањата и визуелните сигнали на воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила.

Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен околу 17.30 часот, без одобрен план за летање и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го следеле леталото во воздушниот простор на таа земја, а во 17.38 часот бил пресретнат од два воени авиони на унгарското воено воздухопловство, тип ЈАС 39 Грипен.

Во 17.58 часот, унгарските воени авиони се вратиле во базата, за да бидат придружувани од два авиони Ф-16 на американското воено воздухопловство.