Нови цени на нафтените деривати од полноќ

Сподели со своите пријатели

Бензините од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по иста цена, додека дизелот ќе поскапи за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Така според новите малопродажни цени литар ЕУРОДИЗЕЛ БС 95 се продава за 60,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 62,5 денари по литар, а ЕУРОДЗИЗЕЛОТ изнесува 47 денари за еден литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и ќе изнесува 35,5 денари за литар.

Новата цена, Регулаторната комисија за енергетика ја донесе врз основа на движењето на просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и курсот на доларот во однос на денарот.

Овие цени ќе останат на сила во следените 14 дена.

 

Loading...