Од 15ти мај Република Македонија ќе добие апоени од 10 и 50 денари изработени од полимер. Советот на Народната банка донесе одлука новите апоени да бидат пуштени во оптек.
Истовремено донесена е одлука за повлекување на банкнотите во апоени од 10 и 50 денари кои што се во оптек од 8 септември 1996. година, а кои се употребуваат во моментов. Согласно одлуката на денот кога ќе бидат уштени во оптек новите книжни пари, ќе започне процес на замена на старите кои повеќе нема да бидат законско средство за плаќање.
Правните и физичките лица ќе можат бесплатно да ги заменат со други книжни и ковани пари во екввивалентен износ во период од 15 мај 2018 до 15 мај 2019 година во сите деловни банки основани во Република Македонија. По овој период банкнотите ќе се менуваат само во Народната банка на Република Македонија.
Воедно донесена е одлука со која до 15 април годинава во оптек ќе бидат пуштени и нови апоени од два денари, со ознака на ковање „2018“, но во важност ќе бидат и старите монети од 2 денари.
Книжни апоени од 100 денари пак со ознака за печатење во „мај 2018“ ќе бидат пуштени во оптек од 2 мај годинава и ќе важат паралелно и со оние издадени досега.