Лиценцираните превозници, деновиве поставуваат нови автобуски постојки на булеварите во Куманово.
Според општината, со тоа се реализира првата фаза од договорот со општината за поставување нови и реконструкција на постоечките автобуски постојки во градот. Освен новите постојки, деновиве се заменуваат и клупите во централното градско подрачје.
– Немаме намера да застанеме во делот на поставување ваков тип на урбана опрема, туку веќе реализиравме и обновување на самите клупи во централното градско подрачје. Распишана е постапка и за набавка на допонителна комунална опрема и поставување нови клупи и корпи за отпадоци во градското подрачје, изјави, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.
Тој упати апел до граѓаните да се однесуваат одговорно кон постојките и она што е заеднички општествен имот, од кој, рече, корист ќе имаат граѓани кои што го користат јавниот превоз.
До крајот на годинава ќе бидат поставени вкупно 24 автобуски постојки.