Брјот на хоспитализирани деца во кумановската болница е намален, но со стартот на учебната година се очекува пораст на респираторните инфекции.
– Преовладуваат стомачните вирози повраќања вирусните инфекции со само со покачена температура, но намален е за 50% бројот на прегледи и бројот на хоспитализирани во однос на предлетниот период, изјави Маргица Арсовска, педијатар и началник на Детското одделение при Општа болница Куманово.
Како што вели, др. Арсовска стартот на учебната година очекувано ќе донесе мал пораст на респираторните инфекции.
– Совет да се придржуваат на здрава исхрана. Ако е детето настинато, болно еве да не посетува градинка затоа што на тој начин се шират инфекциите. Да се зачува здрав начин на живот, тренинг, да спортуваат, физичка активност. Тоа е што можам да им го препорачам на родителите. Секој почеток на школската година носи нов налив на инфекции, така да очекуваме сега да сме во пораст на респираторните инфекции што е нормално за дечињата и нормално и да се разболуваат, да има и вируси и бактерии, изјави педијатар Арсовска.
Таа апелира родителите да не претеруваат со давање суплементи на своите деца на подолг рок.
– Јас нешто што препорачувам подолг временски период е да се зема пробиотик, што е добро и за имунолошкиот систем и Витамин Д и рибино масло, додава др. Арсовска.
Амбулантата во овој период има околу 50 прегледи во едно деноноќие, најмногу за викенд и особено во текот на ноќните часови во летниот период.
Никола Ивановски