Новата сириска влада ги повика сите граѓани да се пријават за работа во полиција

Сподели со своите пријатели

Новата влада на Сирија ги покани граѓаните да аплицираат за работа во полиција.

Loading...

Министерството за внатрешни работи преку Телеграм објави дека кандидатите можат да се запишат на полициската академија во Идлиб или Алепо, а процесот на пријавување започнува со пополнување на прашалник на Фејсбук, пренесе „Ал Џезира“.

По преземањето на власта во Дамаск, владата, предводена од групата Хајат Тарир ал-Шам (ХТС), го нагласи зачувувањето на државните институции.

Привремениот премиер Мохамед ал-Башир изјави дека една од неговите први задачи ќе биде обнова на тие институции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е следно за Сирија? Три можни сценарија!