Новата шведска влада ќе биде претставена во наредните денови

Сподели со своите пријатели

Лидерот на шведската Умерена партија, која е дел од десничарскиот блок кој освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец, рече дека очекува формирање влада во наредните денови.

Loading...

„Мислам дека ќе бидам во позиција да презентирам се во петок“, изјави Улф Кристерсон на прес-конференцијата.

„Ние, во принцип, сме подготвени“, рече тој, додавајќи дека новата влада би можела да ја преземе функцијата следната недела.

Кристерсон го доби мандатот да формира влада по речиси една деценија социјалдемократска администрација.

Се очекува тој да формира малцинска влада со поддршка на антиимигрантските шведски демократи.

Во средата Кристерсон се сретна со претседателот на парламентот, кој му даде уште два дена да ја претстави новата влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индискиот премиер тврди дека борбите со Пакистан се „само паузирани“

Парламентот мора да гласа за предлогот на Кристерсон пред владата да стапи на функција.

На изборите на 11 септември, Умерената партија, Шведските демократи, демохристијаните и либералите освоија 176 места, додека левиот центар освои 173 места.

Loading...