Нова закана од Иран: Со овој потег, ќе го парализираат Персискиот Залив

Сподели со своите пријатели

Врвното тело за безбедност на Иран, Советот за одбрана, во понеделник, 23 март, изјави дека „единствениот начин земјите кои не се непријатели“ да поминат низ Ормутскиот теснец е „координација со Иран“.

Советот, исто така, во соопштението што го објавија иранските медиуми, наведува дека „секој обид на непријателот да ги нападне бреговите или островите на Иран“ ќе резултира со „минирање на сите пристапни патишта“ во Персискиот Залив и крајбрежните области со разни видови поморски мини, вклучително и пловечки мини што можат да се постават од брегот“.

Во случај на таков напад, „освен Ормутскиот теснец, целиот Персиски Залив би бил блокиран во пракса, а „одговорноста би му припаѓала на агресорот“, се додава во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Нема проценки дека континентална Британија е цел на Иран

Од друга страна, Иран ќе возврати на нападот врз својот енергетски сектор со таргетирање на израелските електрани, како и електраните што ги снабдуваат американските бази со електрична енергија во земјите во регионот, според соопштението на Револуционерната гарда во понеделник.

Се чини дека соопштението ги повлекува претходните закани за напади врз постројките за десалинизација на вода во регионот, кои се клучни за снабдувањето со вода за пиење на земјите од Заливот.

„Лажливиот… американски претседател тврдеше дека Револуционерната гарда има намера да нападне постројки за десалинизација на вода и да им предизвика тешкотии на луѓето во земјите од регионот“, според соопштението споделено во државните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо