Нова забрана во Северна Кореја: НЕМА СМЕЕЊЕ И ПИЕЊЕ!

Сподели со своите пријатели

На граѓаните на Северна Кореја не им е дозволено да се смеат или да пијат 11 дена, по повод десетгодишнината од смртта на лидерот на земјата Ким Џонг Ил.

Loading...

Според светските медиуми, државните власти наредиле да нема изразување на среќа во јавноста додека Северна Кореја ја одбележува смртта на поранешниот севернокорејски лидер.

 

 

Ким Јонг Ил владееше со Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога беше наследен од Ким Џонг Ун.

„Во периодот на жалост не смееме да пиеме алкохол, да се смееме или да се занимаваме со лежерни активности“, изјави севернокорејски жител на Синиџи за Радио Слободна Азија.

 

Loading...

 

Истиот извор тврди дека на граѓаните нема да им биде дозволено да одат во продавница по намирници на 17 декември, кога се одбележува годишнината од смртта на Ким Џонг Ил.

„Претходно би се случило да уапсат луѓе кои пиеле или биле пијани во моментот на жалост и биле третирани како идеолошки криминалци. Тие биле однесени и никогаш не видени“, тврди лицето, а пренесува „Дејли мејл“.