Нова смена на врвот на најбогатите во светот

Сподели со своите пријатели

Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос ја врати титулата најбогат човек на светот затоа што го прескокна Илон Маск на списокот на милијардери, пишува Форбс.

Loading...

Нето вредноста на Маск вчера се намали за 3,9 милијарди долари, бидејќи акциите на Тесла беа затворени на 796,22 долари по акција, што претставува пад од 2,4 проценти, пишува CNBC.

 

 

49-годишниот милијардер го престигна Безос во јануари и стана најбогата личност на планетата, благодарение на скокот на акциите на неговата компанија за производство на автомобилот Тесла, но тој брзо го загуби местото број еден на листата што Форбс постојано ја ажурира.

Безос до минатиот месец ја држеше таа ласкава титула од 2017 година.

 

Loading...

 

Имено, богатството на основачите на Амазон се зголеми астрономски откако акциите на Амазон се зголемија до небото во последните неколку години.

Минатиот август тој стана првата личност чие богатство надмина 200 милијарди долари.

Leave a Reply