Нова серија турски нарушувања на грчкиот воздушен простор во регионот на Егејско Море

Сподели со своите пријатели

Турски борбени и извидувачки авиони извршија ново нарушување на грчкиот воздушен простор во регионот на Егејско Море, јавуваат грчките медиуми.

Според податоците на грчкиот Генералштаб на националната одбрана, се случиле 42 нарушувања од страна на Турција. Тие нарушувања се случиле во североисточните, централните и југоисточните делови на Егејското море. Нарушувачите били четири турски извидувачки авиони од типот  „ЦН-235“, и четири борбени Ф-16.

Loading...

Турските авиони биле пресретнати од грчката воена  авијација согласно меѓународните правила за воздухопловство./МИА

Leave a Reply