Европската комисија денеска стартува со нова мобилна апликација која дава најнови информации за здравствената состојба во земјите членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Апликацијата Re-open им овозможува на корисниците да ги добијат последните информации за здравствената состојба и рестриктивните мерки во сите овие земји, вклучително и дали е потребен тест за влез во одредена земја како и мерките за карантин на сила. Апликацијата овозможува и следење на контактите и предупредување во случај на контакт со заразено лице.
До сега овие информации беа достапни на веб платформата Re-open, од денеска тие се достапни и во облик на мобилна апликација за телефони, Андроид и иОС.
Информациите се проверени од страна на Европскиот центар за превенција и контрола на инфекции, апликацијата е бесплатна.
Тања Милевска, Брисел