Нова механизација за ЈП „Чистота и зеленило“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ го обнови возниот парк со четири нови возила, соопштија денеска надлежните од комуналното претпријатие.

Loading...

 

 

Три возила се набавени преку под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски поддржан со заем од Светска банка.

 

 

Loading...

Четвртото возило е обезбедено преку проектот на североисточниот плански регион „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“.

– Јавното претпријатие доби вкупно четири возила. Едното возило, трактор ќе се користи за изнесување кабаст отпад, второто кое има корпа ќе се користи за индустриски капацитети за изнесување поголема количина на смет, третото ќе се користи за изнесување смет од тесните улички. Голем проблем за нас и граѓаните беа честите дефекти на малите возила со кои изнесуваме смет од тесните улици, сега со оваа набавка, очекуваме да го надминеме проблемот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Tрибина и евидентирање за скрининг мамографија денеска во Куманово

 

 

Трите возила се дел од големата набавка на работни машини кои општина Куманово ги обезбеди преку д под-заем со Министерство за финансии, во рамките на средствата обезбедени со проектот подобрување на општинските услуги финансиски поддржан со заем од Светска банка, во висина 63 милиони 754 илјади 712 денари.

 

Loading...

 

Претходно беа набавени и три работни машини за три претпријатија „Чистота и Зеленило“, „Водовод“ и „Куманово Гас“.

 

 

Во рамки на овој проект се очекува да се набават вкупно 12 возила.

Во рамките на задолжувањето, Општина Куманово обезбеди и грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, донесоа одлука советниците на седница на советот на општина Куманово во декември, лани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

 

Loading...

 

Средствата, во износ од 16 милиони 961 илјада 085 денари, (275.790 евра) појаснија надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, се обезбедени во рамки на проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем на Меѓународна банка за обнова и развој (Светска Банка) како резултат на успешно реализиран потпроект.

 

 

Loading...

Четвртото возило „Чистота и Зеленило“ го доби од проектот на Центарот за развој на североисточниот плански регион преку проектот „Подобрување на инфраструктурата за развој на алтернативни форми на туризам, спорт и животна средина“, финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој.

 

 

Ова возило ќе се користи за превоз на работниците и работна опрема од работната единица „Метлачи“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

МИА