Нова колона автобуси тргна од Мариупол

Сподели со своите пријатели

Конвојот со цивилни автобуси го напушти Мариупол со помош на украинските власти, Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Loading...

Автобусите се упатија кон Запорожје, град контролиран од Украина, изјави гувернерот на Доњецк, изјави регионалниот гувернер на Доњецк, Павло Кириленко.

 

ЕУ воведува ембарго на руската нафта, Сбербанк исклучена од СВИФТ

 

Тој не појасни дали повеќе цивили се евакуирани од фабриката за челик Азовстал, каде што украинските сили се борат против руската армија.

Неколку десетици евакуирани од Азовстал во вторникот дојдоа на безбедно во Запорожје, но хуманитарните работници и многу други останаа во пристанишниот град, пренесува Танјуг.

 

Loading...

БЕЛОРУСИЈА ПОЧНУВА ВОЕНИ ВЕЖБИ: Има ли причина за паника?

 

„Автобусите тргнаа од Мариупол. Информациите проследете ги до сите на кои им треба“, изјави Кириленко на Телеграм.

Градските власти на Мариупол во вторникот објавија дека повеќе од 200 цивили останале во фабриката за челик, а дека околу 100.000 цивили се уште се во градот.