Нова година – стари проблеми: Уништени клупите на кумановскиот кеј

Сподели со своите пријатели

Новата година не промени ништо во лошите навики на дел од кумановци. Низа клупи се уништени на градскиот кеј во првите денови од 2024 година.

Loading...

Како што информираат од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ завчера била уништена урбана опрема на кумановскиот кеј.

 

 

Со овие вандалски чинови, велат оттаму, се нанесува материјална штета казнива со закон, а на граѓаните им се оневозможува слободното време да го минат во убаво уредени места.

– Уништувањето на опремата повторно ќе ги чини граѓаните. Општина Куманово повторно со средства од буџетот ќе ангажира фирма која ќе врши санација на уништената урбана опрема. Апелираме до јавноста за зачувување и неоштетување на урбаната опрема поставена на јавните површини, велат од ЈП „Чистота и зеленило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мирна новогодишна ноќ во Куманово (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Од претпријатието апелираат и до Министерството за внатрешни работи да воспостави редовни контроли со цел спречување на вандалските дејствија и соодветно казнување на сторителите.

Но, вандалите не застанеле. Откако клупите биле уништувани вчера, тоа било сторено и ноќва со оние кои останале неоштетени.

 

 

Општина Куманово кон крајот на минатата година инвестираше околу пет милиони денари за набавка на урбана опрема. Ја направија со масивен бетон за да се спречи нејзино уништување, но очигледно тоа не е пречка за вандалите во градот.

Loading...

Никола Ивановски