Тешка борба против уличната дрога наречена Транк (Tranq) се води во многу поголеми американски градови.
Таа ги претвора луѓето во „зомби“, а тие се снимени како стојат премрзнати по улиците, лежат немоќни дрогирани и со рани на кожата.
Властите во Лос Анџелес и Сан Франциско се борат со зголемениот број случаи на предозирање и се обидуваат да го спречат ширењето на дрогата што буквално „јаде човечко месо“.
Tranq е мешавина од опиоидниот фентанил и смирувачот за крави и коњи ксилазин, кој е легален со ветеринарен рецепт.
Дилерите често ја мешаат оваа „зомби дрога“ со кокаин и хероин, но најчесто се користи за намалување на фентанил, смртоносен синтетички опиоид, пишува Daily Mail.
The Zombie apocalypse below Hollywood land!
Flesh eating drug ‘tranq/xylazine’ in LA streets. Officials say they can’t ban it because it’s legal!It’s all by design and looks like a giant experiment the government is doing with these drugs! pic.twitter.com/cWh4HW5OL2
— Ronald Kelly (@RonK3l) May 15, 2023
Сето тоа со цел да им се намалат трошоците и да се зголеми побарувачката, а корисниците на дрога рекоа дека новиот коктел им го зголемува нивото на зависност, па го консумираат почесто.
Tranq е дрога што се пуши, шмрка или се инјектира и предизвикува страшни рани кои случајно се појавуваат по целото тело.
Тоа се често длабоки рани кои полека зараснуваат и во многу случаи доведуваат до ампутација.
Здравствените власти ја губат контролата над кризата со зависност од дрога и предупредија дека таа брзо се шири во другите делови на земјата.
Медицинските сестри ги опишаа раните предизвикани од ксилазинот како „како нешто да ви го јаде телото одвнатре кон надвор“.
Кога ксилазин се комбинира со опиоиди како што е фентанил, тој ги зголемува опасни по живот ефекти на респираторната депресија (забавување или запирање на дишењето) предизвикана од опиоиди, зголемувајќи го ризикот од предозирање и смрт.
Налоксон, лек кој се користи за лекување на предозирање со опиоиди, нема ефект врз предозирањето со ксилазин.
#LosAngeles‘ ‘zombie’ hell: Flesh-eating #drug ‘tranq’ takes over city’s streets as users with rotting skin are seen hunched over and spaced out – but officials say they can’t ban it because it’s legal pic.twitter.com/VN46F84GmB
— Hans Solo (@thandojo) May 15, 2023
Фентанил предизвикува инстантна зависност кај луѓето и е одговорен за дури триста смртни случаи дневно, предупредува американската ДЕА.
За повеќето луѓе, дури и 2 милиграми од оваа дрога се фатални.
Иако на американскиот пазар пристигнува од јужноамериканските земји, супстанците за неговото производство доаѓаат од азискиот пазар.
– Станува збор за најопасната и најбрзо растечка синтетичка дрога, која е дури 50 пати посилна од хероинот и може да предизвика инстант зависност – предупреди Ен Милграм, шефица на американската полициско-разузнавачка агенција за борба против дрога ДЕА.
Моментално е најопасната и најбрзо растечка синтетичка дрога која е дури 50 пати посилна од хероинот и може да предизвика инстант зависност.
Flesh-eating zombie drug ‘tranq’ takes over LA streets as users with rotting skin are seen https://t.co/MohLzOTCDg pic.twitter.com/wLvKmwsz6s
— Daily Mail US (@DailyMail) May 15, 2023
Фентанил сè уште се користи во САД како средство за ослободување од болка и се смета за подобар од морфинот.
Лекарите го користат кај пациенти по операција и го препишуваат на оние со хронична болка каде што ништо друго не помага.
My community has been plagued by fentanyl. My apartment building is surrounded by chaos and death. Bodies, fecal, needles, tinfoil everywhere… This is the direct result of electing corrupt democrats who have placed profits above the families of our community. #SanFrancisco pic.twitter.com/jgmfmEUzMG
— WORLD PEACE MOVEMENT 唐人街牛仔 (@darren_stallcup) May 11, 2023
Во аптеките се издава само со лекарски рецепт, но проблемот настанал поради големото нелегално производство и продажба.
Само два милиграми се смртоносни за повеќето луѓе, а само во 2017 година, 29.000 смртни случаи во САД се поврзани со тоа.
I tweeted about tranq two months ago. USA 1st, then Canada https://t.co/Gy2wYGgE32
— John Clerides (@JClerides) May 14, 2023