Нова драма во Црвеното Море: Проектил од Јемен погоди товарен брод кој се движел кон Јадранот

Сподели со своите пријатели

Крстосувачки проектил од јеменската територија контролирана од Хути погоди товарен брод, предизвикувајќи пожар, но без жртви, изјавија двајца воени претставници за Ројтерс.

Loading...

Нападот на танкерот „СТРИНДА“ се случил на околу 110 километри северно од теснецот Баб ал Мандаб, синоќа околу 22 часот, изјави еден од официјалните лица.

Американскиот разурнувач УСС Мејсон прв дојде на помош, додаваат официјални лица.

Бродот СТРИНДА бил натоварен со растително масло и биогориво во Малезија и се упатил кон Венеција, Италија, покажуваат податоците од компанијата за следење на бродови Кплер.

Веднаш не беше јасно дали СТРИНДА има некакви врски со Израел.

Хутите се вклучени во конфликтот на Блискиот Исток од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, напаѓајќи бродови во Црвеното Море и гаѓајќи беспилотни летала и проектили кон Израел.

Во саботата Хутите рекоа дека ќе го таргетираат секој брод што ќе се упати кон Израел, без разлика од која земја доаѓа, и ги предупредија меѓународните бродски компании да не соработуваат со израелските пристаништа.

Хутите велат дека нападите се во поддршка на палестинските власти и ветија дека ќе продолжат со нападите додека Израел не ја прекине офанзивата на Појасот Газа.

Loading...