НОВА ДРАМА: Се обидуваат да извлечат уште едно момче од бунар во Авганистан! (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спасувачите два дена се обидуваат да стигнат до момчето кое падна во бунар во зафрлено село во јужен Авганистан.

Loading...

Според членовите на неговото семејство, момчето паднало во бунар додека им помагало на возрасните да ископаат нов бунар во село погодено од суша, пишува Гардијан.

Надлежните соопштија дека момчето било заглавено на 10-тиот метар од бунарот, кој е длабок 25 метри.

На видеото кое претходно беше објавено на социјалните мрежи се гледа како момчето по име Хајдар е заглавено во бунар, но може да ги движи рацете и горниот дел од телото.

 

 

Видеото го снимиле спасувачи кои со јаже ја спуштале светлината и камерата.

Loading...

Акција за спасување на момче во Авганистан дојде помалку од две недели откако спасувачите се обидоа да спасат момче кое падна во бунар во Мароко, но тој почина набрзо откако беше извлечен.

Неодамнешното спасување на Рајан Орам од бунар, во Мароко, на длабочина од повеќе од 30 метри траеше неколку дена. Спасувачите успеале да стигнат до него на 5 февруари. За жал, тој починал набргу откако го извлекле од бунарот.