Посетителите на замокот Дракула попрво ќе најдат убоди на раката отколку на вратот, откако лекарите поставија центар за вакцинирање против ковид-19 во романската туристичка атракција во Трансилванија.
Лекарите и медицинските сестри ја нудат вакцината Фајзер бесплатно на сите посетители на замокот Бран, за кои се верува дека служеле како инспирација за живеалиштето на вампирите во романот Дракула на Брам Стокер.
Персоналот на замокот верува дека оваа, пред сè, необична услуга ќе привлече повеќе луѓе во замокот лоциран во романските Карпати, каде бројот на туристи драстично опадна од почетокот на пандемијата.
Кој сака може да се појавува секој викенд во мај без најава и да се вакцинира бесплатно. Тие исто така имаат бесплатен влез на изложба на која учествуваат 52 средновековни уреди за тортура.
Еден од посетителите викендов е 37-годишниот Фернандо Орозко од Берлин, кој рече дека во секој случај планира да го посети замокот, но дека ова е можност „две за едно“, па зошто да не ја искористи.
Владата има намера да вакцинира 10 милиони луѓе до септември, но истражувањата покажуваат дека Романците се најмалку склони кон вакцинација против ковид-19 кај источноевропските членки.